Во 7even Weddings & Events ги обединуваме просторот, храната, услугата и организациската поддршка — за Вие да го доживеете Вашиот ден со луѓето што Ви значат.
ЗНАЕМЕ КОЛКУ ДЕТАЛИ НОСИ ЕДНА СВАДБА.
Датум, гости, простор, мени, распоред, декорација и временска прогноза — сето тоа треба да биде усогласено за Вашиот ден да изгледа токму како што сте го замислиле.
Во 7even добивате јасен план, прилагодена понуда и професионална поддршка од првата идеја до последниот поздрав. Вие бидете присутни во секој важен момент, а ние ќе се грижиме за организацијата.
Како продолжуваме :
- Споделете ја идејата – Кажете ни за Вашиот повод, посакуван датум и приближен број на гости.
- Го креираме планот – Заедно го избираме просторот, менито, пијалаците, распоредот и деталите.
- Вие уживате во Вашиот ден – Го потврдуваме планот, а Вашата свадба ја реализираме според договореното.